EN | MK

Проекти

Постарите секогаш гордо гледаат на помладите, особено кога со иста љубов и пасија се работи за едно нешто, за ширење на културата и продолжување на традицијата. Гордо ја наведнуваат главата за да можат да ги здогледаат и во нивното лице се пронаоѓаат себе си, онакви пред неколку децении, кога збунети, но исто така и цврсто решени за прв пат зачекориле смело и тие во друштвото. Гордо чекаат на нив да пораснат и да продолжат да го негуваат нивниот и нашиот дух, македонски.

Горди сме на постарите и на поновите, на подалечните и поблиските, во живо пред публика и на камера изведените проекти кои датираат одамна и се нижат само во рамката на успеси, а меѓу другото и влегуваат во историјата на КУД „Дримкол” од Вевчани, во историјата на Македонија. КУД ,,Дримкол“ во своето работење има реализирани бројни проекти кои се од големо значење за својата општина, но подеднакво и за својата држава.

Набројуваме:

  1. Вевчани жив музеј”- 2000 год.
  2. Овој проект е дел од една поширока програма наречена „Живо наследство” и истата се спроведуваше во неколку Европски земји.
    Целта на овој проект е зајакнување на капацитетите на традиционалната култура за да се пресретнат и координираат туристичките интереси на Вевчани. Проектот беше конципиран во пет сегменти и тоа:
    1. Организирање изложба на фотографии од Вевчанскиот карневал од авторот Анастас Ќушкоски
    2. Организирање изложба на ракотворби на Вевчански занаетчии
    3. Обновување и презентација на народните игри и обичаи: Вевчанска Лазара и Ѓурѓовден од авторот Тошо Чочороски, а промотор на истите беше проф. Владимир Јаневски
    4. Уредување на локалитетот Вевчански извори
    5. Публикување водич низ Светилиштата во Вевчани од авторот Анастас Ќушкоски
    Проектот се реализира од 01.20.2002 до 30.09.2003 година. Истиот е финансиран од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија и Фондацијата „Крал Бодуен” од Белгија, како и сопствено учество од Локалната самоуправа. Како посебен допринос за овој проект се издвојува доброволна работа на сите учесници членови на друштвото и волонтерската работа на координаторите на овој проект: Тошо Чочороски, Љиљјана Баткоска и Соња Мурџеска кој своите хонорари ги донираа за опремување на друштвото со носија, а во знак на почит кон сите ентузијасти кои работеле и работат во ова друштво.

  3. „Развој на Општините преку културата”
  4. Проектот се реализира со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија. Целта на проектот беше да се зајакнат капацитетите во руралните општини кои ќе се стават во функција на развој на туризмот и културата. Во рамките на овој проект се реализираа следните активности:
    • Изградба на летна сцена Амфитеатар во Вевчани
    • Набавка на комплет озвучување за потребите на друштвото
    • Набавка на оригинална носија од Преспанскиот регион за потребите на друштвото

  5. „Хармонијата помеѓу културата и туризмот во функција на промоција на Вевчани кон светот“ – 2016 год.
  6. Проектот се реализира со поддршка од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија – сектор за соработка со невладини организации.
    Со реализацијата на проектот се постигнаа следните резултати:
    1. Изработка и објавување на модерен веб портал www.vevchani-info.mk со сите информации поврзани со туристичката и културна понуда и потенцијали на Вевчани,
    2. Изработка и печатење на разгледници со мотиви од Вевчани,
    3. Изработка и печатење на брошура - „Водич низ вевчанското културно наследство“,
    4. Изработка и печатење на туристичка мапа со позначајните туристички капацитети и потенцијали на Вевчани.

  7. Вевчанското нематеријално културно наследство-никулец за зачувување на етнокултурниот идентитет“ - 2017 год.
  8. Проектот се реализира од поддршка од Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - сектор за подршка на невладини организации.
    Со реализацијата на проектот се постигнаа следните резултати:

    1. Брошура „Обреди и обичаи во Вевчани“ на македонски и англиски јазик, во која се опфатени позначајни празнувања проследени со обреди и обичаи од Вевчани, кои КУД „Дримкол“ ги зачувал преку автентично поставување на сцена,
    2. Изложба на фотографии „Нематеријално културно наследство низ призмата на објективот“, на кои се прикажани сцени од Вевчанските обреди и обичаи, со цел посетителот да има можност од поблиску да се запознае со нематеријалното културно наследство на Вевчани,
    3. Документарен филм „70 години – Со песна и оро до височините“, кој зборува за долгогодишната играорна традиција во Вевчани.

  9. „ТВ проекти“
    1. „Знање, Имање“.
    2. „Сред село“ - уредник на емисијата : Тоде Спасовски, редакција за народна музика,  Македонска радио- телевизија.
    3. „Фолковизија“ - уредник на емисија: Каролина Петковска, редакција за забавна програма, Македонско радио- телевизија.
    4. „Фолклорна Ѕуница“ - уредник на емисија: Татјана Гоговска, редакција за детска програма, Македонска радио- телевизија.
    5. Документарен филм „Разбојот на Љубица Лешоска“ - Автор: Анастас Ќушкоски, Телевизија Спектра.
    6. Документарен филм „Спасица Вишенска“- Автор: Анастас Ќушкоски, Телевизија Спектра.
    7. Документарен филм „Раѓање, живот и смрт“ - Автор: Рубин Земон, ТВМ-Охрид, Март 2006 година.